Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити

Судскиот совет на денешната седница со 10 гласа „за“ и два „против“ го определи судијата Џемали Саити за в.д. претседател на Врховниот суд, до изборот на новиот претседател за што постапката е во тек. Саити ќе ја врши функцијата од 13 март.
Како што беше посочено, согласно евиденцијата со која располага Судскиот совет, на актуелната претседателка на Врховниот суд Беса Адеми и престанува мандатот на 12 март годинава, а во тек е постапка за избор на нов претседател на Судот која се уште не е завршена, поради што е потребно да се изврши избор на вршител на должноста претседател на Судот.
Ханиф Зендели го предложи Саити за в.д. претседател на Врховниот суд од причини што актуелната претседателка Беса Адеми и Ариф Фидани се кандидати за претседатели на овој Суд, па смета дека тие не би требало да бидат именувани за вршители на должност со цел да не се сфати дека некој од нив се фаворизира за понатамошниот тек од постапката.
Претседателот на Судски совет Александар Камбовски за в.д. ја предложи актуелната претседателка на Врховниот суд бидејќи според него таа добро ја извршувала функцијата и смета дека не би имало некоја пречка да продолжи како в.д. до изборот на новиот претседател на овој Суд.
Членот на Судскиот совет Весна Дамева побара и беше изземена да постапува по оваа точка поради, како што наведе, исклучување на можност за судир на интереси, бидејќи пред Врховен во тек е постапка за фирма во која одговорно лице е нејзиниот сопруг, а во која учествува Совет од пет судии, можно е да се најде како предлог и еден од тие судии кои постапуваат во овој предмет.
Поради исклучување судир на интереси, Дамева побара да биде сменета и од местото член и претседател на Комисијата за избор на претседател на Врховниот суд. На нејзино место е именувана Тања Чачарова Илиевска.
Согласно законот, во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседател на суд до изборот на нов, Судскиот совет определува вршител на должноста кој во последната година е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на останатите судии има најмногу бодови.
Судскиот совет на денешната седница донесе и Одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Васил Батковски, судија на Апелационен суд Битола.
Со оглед дека Баткоски е и в.д. претседател на Основниот суд Охрид, членовите на Судскиот совет на негово место го определи Бојан Мартиновски, судија на Основниот суд Охрид, кој има највисока оценка на листата на судии од овој суд.
Судскиот совет утре има закажано нова седница, а за утре во Собранието на Република Северна Македонија на дневен ред се интерпелациите на пет члена на Судскиот совет.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
