Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици.
- 636 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од мобилен царински тим, при контрола на камион со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција. Случајот е откриен при длабинска контрола на товарно моторно возило извршена во царинскиот терминал Скопје 4.
- 4,32 килограми и 1.17 литри (75 пакувања) разни суплементи за домашни миленици (Multivit, Ascoraid, Petimmun Plus, Dentalcare, O2 Care Plus, Milk Thistle, Retino – A Plus, Derma Zn, Bladdercontrol и други), се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Блаце.
20 инјекции за домашни животни ENZAPROSТ T од 50ml, се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце. Инјекциите се пронајдени на креветот во кабината на камионот.
- 16 парфеми Versace, Paco Rabanne, Cacharel, Calvin Klein и други, се откриени од царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патни торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Турција.
Во пет случаи запленети се делови за автомобили во вкупна вредност од над 200 илјади денари откриени од царински мобилни тимови и царински службеници, од кои во два случаи во соработка со МВР.
- Три комплети глава за мотор со вентили и работилка и две коленести вратила за патнички возила се откриени од страна на царински мобилен тим при контрола на автобус управуван од македонски државјанин на граничен премин Табановце.
- Во два случаи мобилни тимови запленија 20 комплети употребувани алуминиумски и челични бандажи со гуми. Случаите се откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, по извршена контрола на камиони на патниот правец Табановце – Куманово.
- Царински службеници во царинска испостава Ново Село при контрола на товарно возило и приколка пријавени за увозно царинење открија бандажи и гуми за патнички возила, кои не биле опфатени со царинските документи.
- Во друг случај царинските службеници на влез на граничен премин Ново Село спречија криумчарење на 164 парчиња разна стока меѓу којашто и автоделови, облека, алати, козметика, средства за лична хигиена и друго. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин.
Мобилен царински тим заплени 39 комплети машки тренерки откако истите се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица.
Царинска управа
Ново на Сител
-
ДКСК отвори случај за тендерите во министерството за дигитализација
-
СДСМ: Обвинителството да реагира – корупција во министерството за дигитализација
-
По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга