Македонија
21. March 2025 - 17:03

Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот

Повеќе од 48 милиони денариодноно над 780 илјади евра до сега  биле донирани од граѓани, фирми, општини, институции на солидарната сметка на Црвениот крст за настрадините во страотниот пожар во Кочани, информираат од организацијата. 

Од нив, Црвениот крст и Владата донеле одлука веднаш да се исплати итна и првична помош по 150 илјади денари на сите зафатени од несреќата, но тоа нема да биде единствената помош што тие ќе ја добијат.

Дополнително, министерот за здрваство потврди дека во најголем дел лекувањето на повредените надвор е бесплатно, а доколку не е – тоа ќе биде покриено од државата.

За пациентите кои се надвор, владини тимови контактираат со семејствата на повредените на секои 3 часа со цел целосна логистичка подршка. Владата вчера со одлука издвои 30 милиони денари за превоз, сместување и храна за овие лица. 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски апелира семејствата на пациентите надвор да ги контактираат нашите дипломатско-конзулрани претставници. 

„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на  070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.

Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.“, објави Муцунски.

Оние кои сакаат да помогнат и да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат со телефонско јавување на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори и на жиро сметката на Црвениот Крст.