Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило „Волксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама, соопшти вечерва Јавното обвинителство.
Амфетаминот, информира Министерството, се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра. Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот. Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – Непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик. Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред