Јувентус го отпушти Мота, Игор Тудор ќе го замени

Тиаго Мота повеќе не е тренер на Јувентус, потврдија од клубот. На негово место доаѓа Игор Тудор. Мота го презеде гигантот од Торино минатото лето, но така и не успеа да го подигне нивното ниво. Неодамнешните порази од Аталанта и Фиорентина го оставија тимот надвор од зоната на Лигата на шампионите и 12 бода зад лидерот.
Мота заминува по 18 победи, 16 нерешени и 8 порази на сите турнири. Покрај тоа што е далеку од лидерите во Серија „А“, Јувентус веќе испадна од Лигата на шампионите, беше елиминиран од Емполи во Купот на Италија и го загуби финалето на Суперкупот на земјата.
Тудор, кој е поранешен играч на клубот, е под договор само до крајот на сезоната со опција за уште 12 месеци. Неговиот прв тренинг ќе биде в понеделник, а дебито како селектор на тимот ќе го има на претстојниот натпревар против Џенова на 29 март. Хрватот своевремено беше помошник тренер на „бјанконерите“ - во сезоната 2020/21, со Андреа Пирло како ментор.
Според информациите на италијанските медиуми, Тудор бил префериран поради неговата подготвеност да се обврзе на краткорочен договор. Ова им дава можност на газдите, доколку работите не функционираат, да ангажираат друг тренер на лето, а меѓу нив се Антонио Конте, Џан Пјеро Гасперини и Стефано Пиоли.
Инаку, Тудор има работено и во Хајдук (Сплит), ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и накратко во Лацио.
Инаку, Јувентус за прв пат по 18 сезони назначи тренер кој не е Италијанец. Последен пат тоа беше Дидие Дешан (сезона 2006/07).
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
