Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија

Здравствен работник денеска е изведен пред суд во германскиот град Ахен, во покраината Северна Рајна Вестфалија, под обвинение за убиство на девет пациенти со предозирање со лекови, јави ДПА.
Работникот (44), кој ја извршувал функцијата „медицински брат“, е обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство. Се тврди дека злосторствата биле извршени во болница во Вирселен, Северна Рајна-Вестфалија, помеѓу декември 2023 година и мај 2024 година.
Во обвинението се наведува дека здравствениот работник на вкупно 26 пациенти на одделението за палијативна нега им инјектирал лекови за смирување, понекогаш во комбинација со лекови против болки, а се случувало и повеќекратно. Како последица на тоа починале девет лица.
На првиот ден од судењето во Окружниот суд во Ахен, обвинителот Мариус Залман рече дека обвинетиот се обидел да стане „господар на животот и смртта“ бидејќи сакал да го минимизира обемот на работа. Тој, исто така, го обвини човекот дека развил „концепт за супериорност“ во неговата работа во болницата и дека „го негирал правото на живот на пациентите“.
– Истрагата за случајот започна откако во болницата беа откриени неправилности. Сега се извршени пет ексхумации за обдукција на телата на починатите, изјави портпаролката на обвинителството во Ахен.
Обвинителите истражуваат дали има други поврзани случаи од претходната работа на мажот како медицински брат во Келн.
Судењето е закажано за јуни, а се очекува да сведочат десетици лица, меѓу кои и поранешни колеги и медицински експерти.
Ново на Сител
-

Хотелите во Дубаи бесплатно им го продолжуваат престојот на заглавените туристи
-

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ
-

Зголемени безбедносни мерки на објекти од американски и израелски интерес во Грција
-

Меланија Трамп ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
-

Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток
-

Од денеска во ОВР - Кочани започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Полициски пилот со фалсификувана дозвола управувал хеликоптер на МВР
-

Политико: Според Нетанјаху хаосот во Иран по смртта на Хамнеи би бил од корист за Израел
