Македонија
26. March 2025 - 16:37

Комеморација во чест на професорката Сара Пројкоска од ФМУ

Со едноминотно молчење а потоа и изведба на оркестарот составен од младите студенти се одржа комеморација во чест на професорката Сара Пројкоска која трагично го загуби животот во пожарот.  

Во концертната сала од  бината на која сето свое знаење го преточуваше на студентите, денеска нејзината слика беше  опкружена со свеќи. За богатата биографија на Пројкоска, нејзините професионални достигнувања како професор, вокал, уметник говореше деканката на ФМУ. 

Нејзиното второ семејство нејзините колеги и студенти ја истакнаа нејзината големина како човек и како уметник, но и сета болка и празнина која остана по нејзината смрт. 

На комеморацијата присуствуаа членовите на нејзиното семејство, голем број пејачи,музичари, артисти и студенти кои своите последни поздрави ги испишаа и во книгата на жалоста која е поставена на факултетот.