Значително намалување на бројот на грипозни во Кавадарци
Значително намалување на бројот на заболени од грип во текот на изминатата седмица има регистрирано Центарот за јавно здравје од Кавадарци, информираше денеска епидемиологот Ристе Јовановски.
- За една седмица евидентиравме 76 лица заболени со грип наспроти 347 грипозни, колку што изнесуваше бројот на заразени со овој сезонски вирус во само една седмица во февруари, рече Јовановски.
Тој посочи дека од почетокот на сезоната за грип, досега, Центарот има регистрирано 1.611 пациенти со сезонски грип, или нешто повеќе од минатогодишните 1.397 во овој период од годината.
- Најмногу заболени од Кавадарци и Росоман имавме во месец февруари, вкупната бројка на грипозни во тој месец изнесуваше 1.124. Секоја сезона на грип луѓето најмногу заболуваат во јануари и февруари, додаде Јовановски.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар