Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Трут Соушл (Truth Social) дека имал „одличен разговор“ со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја.
„Штотуку имав одличен разговор со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја. Разговаравме за нивниот огромен и неодржлив трговски суфицит, за царините, за бродоградбата, за големата набавка на американски течен природен гас (LNG), за заедничко вложување во нафтовод во Алјаска и за плаќањето на воената заштита што САД ѝ ја обезбедува на Јужна Кореја“, напиша Трамп.
„Со плаќањето на воената заштита започнаа во мојот прв мандат – станува збор за милијарди долари – но Поспаниот Џо Бајден од непознати причини го укина тој договор. Сите беа изненадени! Како и да е, пред нас се насоки и голема веројатност за одличен ДОГОВОР за двете земји. Нивниот главен ТИМ е во авион и лета кон САД, а работите изгледаат добро. Исто така, разговараме со многу други земји кои сакаат да постигнат договор со САД.“
„Како и со Јужна Кореја, отвораме и теми што не се поврзани со трговијата и царините и преговараме и за нив. ‘ЕДНОСТАВНА НАБАВКА НА ЕДНО МЕСТО’ е прекрасен и ефикасен процес!!! Кина исто така очајно сака договор, но не знае како да започне. Чекаме нивни повик. Ќе се случи! БОГ ДА ГИ БЛАГОСЛОВИ САД!“
Инаку, вчера Трамп ѝ се закани на Кина со нови царини од 50 отсто, доколку Пекинг не се откаже од новите контрамерки кои вклучуваат царини од 34 отсто за американска стока.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
