Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф вчера во Санкт Петербург разговараа за условите за постигнување мир во Украина, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека средбата меѓу Путин и Виткоф во зградата на претседателската библиотека во Санкт Петербург траела околу 4,5 часа, пренесоа руските медиуми.
Белата куќа објави дека посетата на Виткоф на Русија е уште еден чекор кон прекин на огнот во Украина што треба да доведе до мировен договор.
Истовремено, британските медиуми цитирајќи американски официјални претставници, објавија дека Виткоф му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со генералниот директор на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, минатата недела дека најбрзиот начин за прекин на огнот во Украина ќе биде признавање на руската контрола врз четири нови региони.
Официјалните претставници изјавија дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Кит Келог на средбата се изјаснил против тезата на Виткоф.
Келог посочи дека Украина нема да се откаже од своите претензии за територии над кои Русија ја презеде контролата, рекоа американски официјални претставници, истакнувајќи дека состанокот заврши без Трамп да донесе одлука за промена на американската стратегија.
Виткоф претходно изјави дека САД сметаат дека главното прашање во конфликтот во Украина е статусот на регионите анектирани од Русија и нивното меѓународно признавање.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс излезе во одбрана на Виткоф, велејќи дека тој работи „неверојатна работа“.
Британските медиуми, исто така, цитирајќи неименувани високи западни дипломати, објавија дека САД немаат јасен план за унапредување на преговорите за решавање на украинскиот конфликт.
Еден од дипломатите изјави дека се слушаат контрадикторни изјави од различни американски функционери и дека тоа го засилува чувството дека не постои вистински план за решавање на конфликтот во Украина.
Неименуван извор изјави дека Комитетот за национална безбедност на САД одржал само еден состанок за украинскиот конфликт, на кој обично присуствуваат врвните советници на Трамп за национална безбедност
Тоа е спротивно на вообичаената практика на Белата куќа, а резултатот е голема конфузија во американската администрација и меѓу сојузниците во Европа во однос на насоката на мировните преговори, наведуваат британските медиуми
Ново на Сител
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
-

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
