Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ денеска почна манифестацијата „Шарено велигденско јајце“. Како и претходните години и оваа година дечињата со помош на своите родители ги изработија и убаво нацртаа своите велигденски јајца. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски вели дека манифестацијата континуирано се одржува секоја година, која е во рамки на програмата на оваа институција и е поддржана од Министерството за култура и туризам.
- Ја имам честа како директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип да ја отворам оваа манифестација ,,Шарено велигденско јајце“. Ме радува што и оваа година, исто како претходните години да имаме многу креативни дечиња, кои што заедно со своите родители ја негуваат традицијата на боење и украсување на велигденските јајца, традиција која во рамки на нашиот христијански дух и со која се прославува нашиот најголем празник Велигден, вели Ристевски.
Во рамките на оваа манифестација оваа институција формираше и комисија за да ги избере трите најубаво украсени јајца, а добитниците ќе се стекнат со награди. На неколку метри, од другата страна на кејот на река Отиња, кај гимназијата „Славчо Стојменски“ од денеска е поставено големо велигденско јајце, кое е направено од страна на учениците и со поддршка на заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип. Директорката на гимназијата „Славчо Стојменски“, Весна Ристова вели дека со боја и четка во рака, средношколците и уметниците на СОУ„Славчо Стојменски“ Штип пред Велигден ги искажаа своите уметнички таленти и создадоа големо велигденско јајце на кое е насликан стариот Штип. Прикажувајќи ги обичаите на градот, традицијата, како и неговата убавина, тие ги изразија своите креативности.
- Денес во нашето училиште имавме еден голем настан, пред почетокот на велигденските настани, инспириран од празниците, учениците, уметници создадоа едно дело, кое што го преточија на најзначајното обележје на најголемиот и најрадосниот христијански празник Велигден, а тоа е велигденското јајце и нивните уметнички квалитети и таленти ги искажаа со боја и четка, го користеа до изразно средство за да можат да ги искажат своите импресии и да го претстават целиот наш град, изјави Ристова.
Настанот се организира втора година по ред. За прв пат бил организиран пред речиси една деценија и по подолги години пауза, денес ја доби своја реикарнација.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
