Македонците во Белгија го чествуваат Велигден

Со традиционалниот поздрав „Христос Воскресна, Навистина Воскресна“ припадниците на македонската заедница во Белгија денеска го чествуваат христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Централната прослава се одржа во „Европската капела“ во Брисел каде попладнево беше организирана Велигденска литургија со која богослужеше отец Жарко Ѓоргиевски, кој е назначен од митрополитот на Европската епархија на МПЦ-ОА, Пимен за активности на Црквата во Белгија и негување на македонската традиција и достоинствено чествување на православните празници.
По Литургијата, отец Ѓоргиевски прочита делови од Велигденското послание на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод.
За присутните верници беше организирано и причестување, по што беше делена нафора, вапцани јајца и осветена вода.
Прославата заврши со пригоден коктел. Организатор на прославата беше Македонската православна црковна општина „Св. Илија – Св. Архангел Михаил“ од Брисел.
Црковната општина „Св. Илија“ во Брисел постои повеќе години, но по нејзиното пасивизирање за време на Ковид пандемијата, во 2023 година таа ја возобнови својата работа со избор на нов Црковен одбор. Од минатата година на називот на Црковната општина е додадено и името на Св. Архангел Михаил, кој воедно е и нејзин патрон заштитник.
Велигден Брисел Македонци
Инаку, во синоќа во пресрет на Велигден, отец Ѓоргиевски одржа литургија и за Македонците во Луксембург.
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
