Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан

Организаторите на Филмскиот фестивал во Кан годинава воведоа строги кодекси на облекување, а освен кинеската актерка Ван Киjан Хуи, меѓу оние кои ги прекршија правилата е и Хајди Клум.
Имено, германската манекенка на свеченото отворање на францускиот фестивал, т.е. прикажувањето на „Напушти еден ден“ (Partir Un Jour), се појави во розов фустан со долг остаток наземи и висок шлиц на едната нога. Тоалетата со цветни ливчиња на црвениот тепих беше комплетирана со сребрени сандали и обетки. За потсетување, прописите на Канскиот фестивал годинава (коишто не се нови, но се повторно нагласени) налагаат неносење фустани со остаток зад дамата, како и обемни тоалети, но и голотија – со цел поголема пристојност на овој фестивал.
„Оваа година, Канскиот филмски фестивал истакна одредени правила во својата повелба, коишто одамна постојат. Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосна голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и францускиот Закон“, соопштија организаторите.
Фестивалот, според тоа, го задржа правото да оневозможи пристап на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости, или пак, би го комплицирало распоредот на седење во салите за прикажување кинкопроекции.
Утредента, супермоделката, и на киноприкажувањето на „Невозможна мисија: Финална одмазда“ (Mission: Impossible – The Final Reckoning), се појави во сино-сребреникав фустан со остаток, но и подлабоко деколте.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
