ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Нивото на редовно водоснабдување утрово беше постигнато преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир, мрежата се празни пребрзо, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација.
Како што се наведува во соопштението, зафатот е завршен успешно, но за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, велат дека се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата.
– Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови. Повеќето известувања од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје беа пренесени од медиумите до јавноста, а веруваме и дека граѓаните разбираат која е сериозноста на зафатот кој еднаш мора да се направи, а тој ден беше вчера, стои во соопштението.
Со реализација на овој проект, велат, се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа.
– Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје. Со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1600mm кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700mm на булевар Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1600mm, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700mm, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот бул.Хрватска, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
