-->
-->
Може да се отруете: Овие јадења никогаш не смеете да ги загревате!
-->

Можеби не знаете дека секоја храна не е погодна за загревање. Поради бактериите кои не се уништуваат за време на готвењето, или па поради протеинот чии молекули се пробиваат на топлина, пишува „Klix“.
Сите ние, многу често, подготвуваме храна за неколку дена, а потоа само ја подгреваме. Сепак, некои јадења го менуваат својот состав и ги губат хранливите својства, па дури и да станат отровни. Еве неколку такви...
Печурки

Печурките најдобро е да се јадат веднаш по подготовката, и ако останат за еден ден, подобро е да се јадат ладни. Ова е важно за супите, како и за рижото, кое се прави со печурки. Кога се подгреваат печурките доаѓа до промена во составот на протеините, па дури и промена на вкусот на храната. Тие тогаш може да предизвикаат различни дегисивни проблеми, и ги губат здраствените придобивки.
Пилешко месо

Исто како печурките, кога се подгрева месото доаѓа до промена во составот на протеините. Затоа не е препорачливо грееење на високи температури, особено пилешкото месо, кое содржи повеќе протеини од црвеното месо. Ако го загревате, подобро ставете го на пониска температура и загревајте го подолго.
Компир

Компирот е многу хранлива храна кое не треба да се погрева по втор пат бидејќи го губи поголемиот дел од своите својства, па дури и да стане отровен. Јадете го веднаш по подготовката или дури и ладно- тогаш е највисок процент на отпорен скроб заслужен за долготрајното чувство на ситост. Доколку подготвуват чорба за неколку дена, компирите додавајте ги последователно.
Спанаќ

Спанаќот е храна со висок процент на нитрати, кои повторното загревање ги претвора во нитрити. Тие се потенцијано канцерогени за човечкото тело, па погрижете се спанаќот да го јадете свеж или веднаш по подготовка.
Цвекло

Како спанаќот и цвеклото исто така содржи нитрати кои стануваат крајно штетни со повторното загревање. Ова не значи дека не можете да ја јадете оваа храна следниот ден, само не треба да ја загревате повторно.
Целер

Целерот, кој најчесто се користи за супи, треба веднаш да биде отстранет по готвењето, со морковите, и да биде јаден свежо подготвен. Исто така содржи нитрати. Може да ја загреете супата повторно ако сте го отстраниле целерот и морковот.
Јајца

Јајцата се храна со висок ризик за подгревање, кои исто така стануваат отровни поради изложеност на вискоките темпертури. Ова не се однесува за храна каде јајцата се вклучени во сосови како бешамел, но се однесува на јадења со варени и пржени јајца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
