„Амазон“ го достигна милионитиот робот во своите погони

По 13 години од воведувањето роботи во своите простории, американската компанија „Амазон“ (Amazon) ја достигна бројката од милион роботи коишто се дел од погонот и целокупната машинерија. Јубилејниот робот е доставен во магацин на огранок на фирмата во Јапонија.
Конгломератот, уште повеќе, е на пат да достигне уште една пресвртница, бидејќи нејзината мрежа наскоро би можела да има еднаков број роботи и луѓе, пишува „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal). Исто така, се наведува дека денес, 75 отсто од испораките на „Амазон“ ширум цел свет – се потпомогнати на некој начин од роботи. Покрај податоците за роботите, „Амазон“ објави и нов генеративен модел на вештачка интелигенција наречен „Дипфлит“ (DeepFleet), посебно дизајниран за роботи што се користат во нивните магацини.
ВИ-моделот е развиен во студиото „Амазон сејџмејкер“ (Amazon SageMaker). Компанијата го обучи моделот користејќи ги сопствените магацини и податоци.
Милионитиот робот на „Амазон“ е повеќе од само бројка, велат од компанијата, којашто постојано ја подобрува својата флота роботи додавајќи нови функции и модели. Во мај, го претставија и „Вулкан“, којшто има две раце – едната дизајнирана за редење пратки, а другата со камера и механизам за „фаќање“ и препознавање предмети.
Во октомври 2024 година, „Амазон“ ја објави „следната генерација свои магацини“, којашто ќе вклучува 10 пати повеќе роботи од постојните, коишто ќе им се придружат на човечките работници. Така, првиот од овие нови центри се отвори во Шривпорт, Луизијана, САД. Инаку, „Амазон“ почна да ги гради своите роботски капацитети уште во 2012 година со купувањето на „Кива системс“ (Kiva Systems) во американската сојузна држава Масачусетс.
Ново на Сител
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
