Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата, одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.
Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.
-Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Северна Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Северна Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа, рече Вајца на прес-конферебцнија по по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.
Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.
Ново на Сител
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
