Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО

Франција и Италија нема да учествуваат во новата иницијатива на НАТО за финансирање на испорака на американско оружје за Украина, објавија весниците „Политико“ и „Ла Стампа“, повикувајќи се на неименувани владини извори од Париз и Рим.
Иако и двете земји остануваат посветени на поддршката за Украина, одлучиле да се повлечат од планот презентиран на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Вашингтон.
Според планот, НАТО би требало да купува модерно американско оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, кои потоа би се испорачале на Украина.
Француски владини претставници изјавиле дека одбивањето се темели на заложбите на претседателот Емануел Макрон да се зајакне европската одбранбена индустрија преку набавка на европско оружје. Освен тоа, Франција се соочува и со буџетски ограничувања и растечки одбранбени трошоци.
Сличен став зазела и Италија. Според „Ла Стампа“, италијански официјални претставници ја отфрлиле можноста за директна набавка на американско оружје, наведувајќи финансиски ограничувања и фокус на алтернативни воени технологии.
Италијанското Министерство за одбрана појасни дека одлуката не значи намалување на поддршката за Украина, туку е повик за пронаоѓање на други начини за придонес кон заедничките напори.
Во моментов, Италија размислува за логистичка поддршка при транспортот на американско оружје до Украина – по воздушен, железнички или поморски пат – но деталите за обемот и видот на тој ангажман сè уште не се дефинирани.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
