Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен предлог против уште три лица за кривично дело „оддавање службена тајна“, а се разгледува и можноста за спојување на обвиненијата.
- Ја информираме јавноста дека Советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост, стои во соопштението од Кривичен.
Оттаму дополнуваат дека заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на ОЈО ГОКК бил поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна, кој предлог не подлежи на оцена.
Дополнително, поднесено е и барање за спојување на обвиненијата со предметот „Адитив“, за кое, како што соопштуваат од Кривичен, ќе се одлучува во наредниот период.
Предметот „Адитив“ е поврзан со злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра.
Истрагата опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.
Судењето продолжува утре во КПУ Идризово.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
