Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка

„Меѓународните напори за завршување на војната во Украина се зголемуваат во последните месеци, но одговорот на Русија е сè уште агресија. Путин не покажа интерес за постигнување мир и нема да ја запре војната сè додека не биде принуден“, рече Калас на првата седница од новата парламентарна сезона.
Таа истакна дека од почетокот на целосната инвазија врз Украина во 2022 година ЕУ досега обезбедила речиси 169 милијарди евра финансиска поддршка.
„Ова вклучува над 63 милијарди евра воена помош. Само оваа година, ЕУ ќе обезбеди најголема поддршка досега - 25 милијарди евра“, истакна Калас.
„Целта за обезбедување два милиона парчиња муниција годишно е исполнета со 80 проценти, а очекуваме до октомври да биде исполнета стоотстотно. Сето ова го правиме за да може Украина да се одбрани себеси и своите граѓани од агресија“, рече Калас
Таа, исто така, потсети дека ЕУ досега воведе 18 пакети санкции врз Русија поради нејзината агресија врз Украина, а во подготовка е и 19-от пакет.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
