Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција

Научници од Соединетите Американски Држави дојдоа до заклучок дека ситните честички во загадениот воздух можат да предизвикаат појава на тешки облици на деменција, и да го забрзаат нивниот развој, преку предизвикување токсични протеински грутки, коишто ги уништуваат нервните клетки додека се шират низ мозочното ткиво.
Истражувањето на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, проучува податоци од повеќе од 56,5 милиони пациенти во САД - меѓу 2000 и 2014 година. Написот, објавен во научното списание „Сајенс“ (Science), се темели на претходни истражувања каде што ПМ-2,5 честички биле пронајдени и во мозокот на луѓе со Алцхајмерова болест, а нивното присуство е поврзано со пад на интелектуалните способности.
Во таа смисла, се истакнува и деменцијата со тн. Левиеви тела - вториот најчест вид деменција по Алцхајмеровата болест.
-За разлика од возраста или наследноста, загадувањето на воздухот е модифицирачки фактор на ризик. Главната порака на нашиот труд е тоа дека политиките за чист воздух се исто така политики за заштита на здравјето на мозокот, изјави д-р Сјаобо Мао, невролог и водечки истражувач во овој научен труд.
Долготрајната изложеност на ПМ-2,5 честички - помали од 2,5 илјадити делови од милиметарот, коишто можат да навлезат длабоко во белите дробови, крвотокот, па дури и во мозокот, значително ја зголемува опасноста од оваа болест, тврдат истражувачите.
Според наводите, кај луѓето кои живеат во подрачја со повисоки концентрации на ПМ-2,5 честички, има значително поголема опасност од развој на деменција со Левиеви тела. Експериментите врз глувци ги потврдиле овие наоди - животните изложени на честичките доживеале губење на нервните клетки, намалување на мозочната маса и пад на умствените способности.
Професорот Тед Досон, еден од соавторите на испитувањата, вели дека има „убедливи докази“ што го поврзуваат загадувањето на воздухот со овој вид деменција.
-Треба да работиме заедно за да го зачуваме чистиот воздух - бидејќи ова е еден од најважните чекори во спречувањето на деменцијата, нагласи Досон.
Научниците предупредуваат дека овие наоди имаат сериозни импликации за глобалното јавно здравје. Бидејќи загадувањето на воздухот е фактор што може да се контролира, намалувањето на емисиите од сообраќајот и индустријата, подоброто контролирање на шумските пожари и ограничувањето на употребата на дрво во домаќинствата би можеле значително да ја намалат инциденцата на невродегенеративни заболувања ширум целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
