Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска

Кремљ ги опиша како „ништо ново“ тврдењата на Полска и другите европски земји дека руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор и биле соборени над Полска, и дека Москва веќе нема да го коментира ова прашање, јавија британските медиуми.
Полска, Украина и Литванија издадоа заедничка изјава во која остро ја осудуваат Русија за инцидентот, нарекувајќи ги упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор „намерна и невидена провокација“.
- Москва нема да дава никакви нови коментари за случајот. Нашето Министерство за одбрана веќе се изјасни, па дури и понуди консултации доколку е потребно, нема што повеќе да се додаде, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до реториката што доаѓа од Варшава, во неа нема ништо ново. Во последно време слушаме слични изјави од речиси сите европски престолнини. Едноставно набљудуваме продолжение по оваа линија“, додаде тој.
Песков додаде дека воените вежби меѓу Русија и Белорусија, кои ќе започнат утре во близина на полската граница, не се насочени против ниту една земја.
- Ова се однапред планирани вежби. Тие не се насочени против никого. Ова е дел од тековната воена соработка и координација меѓу двата стратешки сојузници, додаде портпаролот на Кремљ.
МИА
Ново на Сител
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
