Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал на слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен вчера во атентат во Јута.
Зборувајќи на комеморацијата во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „гигант од својата генерација, застапник на слободата и инспирација за милиони луѓе“, објави Гардијан.
„Нашите молитви се со неговата прекрасна сопруга Ерика и неговите прекрасни деца, тие се фантастични луѓе. Многу ни недостига, но не се сомневам дека гласот на Чарли и храброста што ја донесе во срцата на безброј луѓе, особено млади луѓе, ќе продолжат да живеат“, рече Трамп.
Зборувајќи за нападите во 2001 година, тој потсети дека тогаш биле убиени 2.977 луѓе.
„Денеска, како една нација, го обновуваме нашиот свет завет никогаш да не го заборавиме 11 септември 2001 година. Во Америка, ние прифаќаме удари, но никогаш не се наведнуваме, крвариме, но не се поклонуваме и му пркосиме стравот, ги трпиме пламените и излегуваме од лонецот на секој сомнеж уште посилни, погорди и поголеми од кога било досега“, рече Трамп.
Осврнувајќи се на неодамнешното преименување на Министерството за одбрана на САД во Министерство за војна, Трамп рече дека „сите го сакаа тоа“.
„Ако ги нападнете САД, ние ќе ве најдеме. Ќе ве смачкаме без милост и ќе триумфираме без поговор, и затоа го нарековме поранешното Министерство за одбрана Министерство за војна“, рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
