Кремљ го обвини Трамп дека го принудува светот да купува скапи американски енергенси

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „бизнисмен кој се обидува да го принуди светот да купува скапа американска нафта и течен гас“.
– Претседателот Трамп никогаш не ја криел својата намера да ги обезбеди економските интереси на Америка. Најлесен начин е да го принуди целиот свет да купува американска нафта и течен природен гас по повисоки цени, изјави Песков во интервју за руската радио станица РБК.
Тој тврди, како што пренесува Анадолија, дека Трамп ги остварува своите цели избегнувајќи комплицирани дипломатски тактики, а наместо тоа користи директен економски притисок. Песков, исто така, тврди дека САД во голема мера успеале во оваа намера.
– Американците успеаја да ги натераат Европејците да купуваат енергетски ресурси по надуени цени. Во голема мера успеаја. Многу европски држави прибегнаа кон купување течен природен гас по зголемени цени. Тоа им наметна дополнителен товар на нивните буџети и, следствено, ги оптовари џебовите на даночните обврзници, рече тој.
Песков додаде дека тоа довело до голема непријатност, наведувајќи го примерот на Германија. – Кога Германците и Баварците почнаа да добиваат двојно поголеми сметки за струја, почнаа да се чувствуваат непријатно и тоа не им се допаѓа, оцени портпаролот..
– Ова не се однесува само на Германија, туку општо на речиси сите (Европејци), иако можеби помалку на Франција, бидејќи најголемиот дел од производството на енергија доаѓа од нуклеарни извори. Но, сите други земји во голема мера зависат од нафтата и гасот, истакна Песков.
Како одговор на овие пазарни промени, според Песков,Русија успешно ги пренасочила своите енергетски текови кон алтернативни пазари. – Потпишавме невиден договор со Кина, пресметан за многу години однапред. Не само што обезбедува добар извозен потенцијал за нашата релевантна компанија, туку служи и како силен двигател за развојот на сите региони по должината на Русија, истакна Песков..
Тој нагласи дека Европа престанува да биде премиум пазар за руската енергија. – Премиум пазари стануваат оние на Исток, а кој знае, можеби наскоро ќе се појават и некои други региони, овој процес е неизбежен, додаде Песков.
Зборувајќи за спортот, Песков изјави дека политизираниот третман на руските спортисти сè уште постои. На прашањето за пристапот до меѓународните настани, тој рече дека е многу важно руските спортски органи да одржуваат дијалог со МОК (Меѓународниот олимписки комитет). – Да, не се согласуваме со ставот на МОК. Веруваме дека политичката пристрасност кон нас сè уште постои, двојните стандарди сè уште постојат, концентрираните двојни стандарди сè уште постојат. Сепак, додаде дека ова несогласување не е причина за прекин на врските. – Но, тоа не значи дека треба да се лутиме, да се свртиме и да кажеме дека целосно ја прекинуваме комуникацијата, рече тој.
Песков заклучи дека изборот во врска со учеството под неутрално знаме мора да им остане на самите спортисти.
МИА
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
