Џ.Д. Венс: Доколку Русите ги отфрлат преговорите, тоа ке биде многу, многу лошо за нив

Американскиот претседател Доналд Трамп станува сè понетрпелив кон Русија бидејќи Кремљ одбива да работи на мировен договор, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, пишува „Киев Индипендент“.
„Верувам дека претседателот во моментов станува неверојатно нетрпелив кон Русите бидејќи не чувствува дека тие ставаат доволно на маса за да ја завршат војната“, изјави Венс пред новинарите во Северна Каролина.
Изјавата на Венс дојде еден ден по состанокот меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН. Иако американскиот лидер претходно ја повика Украина да направи отстапки кон Русија, по состанокот со Зеленски, тој сигнализираше дека Киев би можел да ја врати целата своја територија, со оглед на тоа што Москва одбива да ги прекине конфликтите.
„Откако се запознав и целосно ја разбрав воената и економска ситуација на Украина/Русија и, откако ги видов економските проблеми што таа ѝ ги предизвикува на Русија, мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја ВРАТИ цела Украина во нејзината оригинална форма“, напиша Трамп завчера на својата платформа Truth Social.
Венс истакна дека САД се вклучиле во „неверојатно добронамерни преговори и со Русите и со Украинците“, додека Москва продолжува да одбива.
„Трамп сака оваа војна да заврши и прави сè што може за да ја спречи. Но, погледнете, ако Русите одбијат да преговараат со добра намера, мислам дека тоа ќе биде многу, многу лошо за нивната земја. Тоа е она што претседателот јасно го стави до знаење“, рече Венс.
Тој додаде дека не станува збор за промена на ставот, туку за „признавање на реалноста на теренот“ додека Вашингтон продолжува да работи на завршување на војната.
„Претседателот стана многу убеден дека оваа војна е лоша за Русија. Јас го велам тоа цело време. И претседателот го вели тоа цело време. Војната е лоша за Русија. Лоша е за Украина. Лоша е за Америка. Сакаме убивањето да престане. Тоа останува став на претседателот“, рече Венс.
Трамп претходно го истакна својот добар однос со Путин како клучен фактор што ќе им помогне на САД да посредуваат во мировен договор. Меѓутоа, и покрај неговите повици, Русија одби да ги прекине непријателствата, поради што Трамп сè поотворено ја изразуваше својата фрустрација.
На заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер на 18 септември, Трамп рече дека Путин „го изневери“.
„Таа војна е онаа за која мислев дека најлесно ќе се заврши поради мојот однос со претседателот Путин. Но, тој ме изневери. Навистина ме изневери“, рече Трамп.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на маргините на Генералното собрание на ОН на 24 септември, по што го повика Лавров да „го запре убивањето“ и да ги продолжи мировните преговори со Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
