Промоција на деби-албум на пијанистот Крсте Бадаровски во Чешка
Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка го промовираше својот прв албум со пијано музика, јави дописникот на МИА од Прага.
- Музиката е релаксирачка и медитативна, користејќи и обработувајќи повеќе науки и теми како астрологијата, астрономијата, митологијата, теологијата, физиката, статистиката, изјави пијанистот и композитор Бадаровски.
Осумте композиции, кои се наоѓаат на ЦД-то се базирани на симболиката на создавање на светот и се поврзани под називот ,,АБеЦеДа", објаснува Бадаровски.
Имињата на перформансите „Атом", „Азбука", „Благослов", „Библија", „Циклус", „Јасновидец", „Денски сончев сјај" и „Девојка која сонува" во англиски превод започнуваат со првите букви од абецедата.
Со новосоздадените композиции, инспирирани од „креацијата на светот и развојот на планетата Земја" младиот Бадаровски нуди мир, спокојство и релаксација кај слушателите, а за колегите пијанисти обезбедува нов материјал.
- Една од целите на композициите е и пополнување на празнините во животите на блиските пријатели и на сите останати поради моето неприсуство, вели Бардаровски, потенцирајќи дека се чувствува горд на своето македонско потекло и се надева дека неговата музичка порака, како што рече, ќе се чуе и во етерот на неговата мајка Македонија.
Дваесет и шестгодишниот Бадаровски своето музичко образование го почнал во Скопје, во класата на Људмила Романова и Самира Мемедова-Мустафовска. Како еден од најдобрите студенти во својата генерација ги продолжува студиите на Прашкиот конзерваториум за музика, во класата на еминентните чешки пијанисти и професори Максијан Франтишек и Ева Богуниова.
Денес компонира класична и комерцијално-популарна музика, работи како професор по пијано и редовно настапува низ Чешката Република и во други земји.
Ново на Сител
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес