Димитриевски и независниот Стојковски во втор круг за градоначалник во Куманово

Кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Максим Димитриевски освои 37,89 проценти или 16.183 гласови, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Во втор круг влегува и независниот кандидат Горан Стојковски-Диро со освоени 13,92 проценти или 5.946 гласови. Вчера тој заедно со кандидатите за советници од листата Движење ЗНАМ, За наша Македонија и коалициските партнери од ВМРО ДПМНЕ славеа победа. Димитриевски кажа дека граѓаните препознаваат континуитет, развој на Куманово. Во однос на листата на советници рече дека е победник и заедно со ВМРО ДПМНЕ кои се веднаш зад нив ќе направат силно мнозинство како и со останатите партнери од претходната локална власт.
Независниот кандидат, Стојковски денеска се заблагодари на кумановци за поддршката за движењето „Ред за Куманово“, посочувајќи дека продолжуваат со поголема енергија во вториот круг, за ред, работа и иднина на Куманово.
Според податоците на ДИК во Куманово, кандидатот на коалицијата НАИ, Селвер Ајдини освои 5.905 гласа, Мартин Костовски од СДСМ, 5.793. Петтата позиција е на ВЛЕН и нивниот кандидат Арбен Етеми со 3.851 глас, односно 9,02 проценти. Кандидатот на Левица, Мирослав Петковиќ има 160 гласови, односно за него гласале 5,06 отсто од вкупниот број гласачи, а Виолета Арсовска од „Искуство за успех“ освои 423 гласови, односно 0,99 проценти.
Во Куманово вчера гласаа 45, 72 проценти од 94 041 лица со право на глас, вчера гласале 42,712 граѓани, односно излезноста била 45,72 отсто.
Во однос советничката листа, Движењето ЗНАМ, За Наша Македонија, предводено од носителката на листата Ивана Ѓорѓиевска освои седум советнички места со вкупен број гласови 8.324. Зад нив е листата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предводена од носителот Владимир Михајловски со освоени шест советници или во гласови 7.477. Коалицијата предводена до ДУИ во Куманово ќе има пет советника предводени од Блјерим Исени со освоени 5.780 гласови. СДСМ во советот ќе ги предводи Томица Илиќ со четири советници, на изборите имаат 4.629 гласа. „Братска листа“ на ДПСМ, предводена од носителот, Иван Стоиљковиќ има тројца советници и на изборите освоија 3.603 гласа. Тројца ќе има и ВЛЕН, предводен од Скендер Османи и освоени 4.023 гласа. Движењето „Ред за Куманово“, предводено од носителот Иван Петковски ќе има двајца советници со освоени 3.324 гласа и Левица ќе има еден советник, Виторио Зафировски освојувајќи 1.981 глас. Инаку, за 31 советничко место во првиот круг имаше 14 листи.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
