Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Двајца турски државјани на возраст од 30 и 26 години се осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава, информира ЈОРСМ.
Осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци, за што, како што информираат Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка.
-Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Двајцата се товарат за кривично дело „Помагање на странец при незаконит престој“ предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци.
Ново на Сител
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
-

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза
-

Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
-

Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“
-

Вознесение Христово - Спасовден
-

Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
