Многу критики за Синер по отказот во Дејвис купот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер од херој на нацијата стана најкритикувана спортска личност во Италија. На крајот од сезоната на егзибицискиот турнир во Ријад го победи и моментно најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз.
Но, потоа донесе одлука да не настапува за Италија во Дејвис купот, иако беше меѓу најзаслужните за двете титули на Италија во ова натпреварување.
Критиките за неговото неиграње се големи особено што ова е вторпат да го прави овој чекор без да пријави повреда.
Одлуката на Синер да не игра за Дејвис куп репрезентацијата е навреда за цела Италија и жесток удар за сите вљубеници во тенисот. Не може Италија да се претставува само кога се земаат пари, затоа ќе бараме да му бидат повлечени сите почести кои ги има добиено од државата: статусот спортски амбасадор, почесен граѓанин на Торино до Златниот медал за спортски достигнувања на Италијанскиот олимписки комитет, се вели во соопштението на Организацијата на потрошувачи на Италија.
Со овој свој потег тој од омилено лице на нацијата, сега е меѓу најкритикуваните.
МИА
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
