ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Нови пет авионски линии на „Виз ер“ - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.
Новата линија Скопје - Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм - Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe - Бари ќе започне со полетување на Виз ер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.
Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје - Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe - Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.
Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.
Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.
Од TАВ Македонија велат дека очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на „Виз ер“, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.
Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.
Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје - Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Виз ер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола - Арланда.
-Сигурен сум дека овие пет дестинации дефинитивно ќе бидат посетени, овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија. Исто така сакам да се заблагодарам на нашиот тим од ТАВ Аеродроми кои ја дадоа својата поддршка за да ги спремиме овие дестинации и сега да можеме да ги споделиме со патниците. Верувам дека ќе уживате во новите дестинации, ние не застануваме тука, ние сме посветени да обезбедиме што повеќе дестинации од двата македонски аеродроми и сигурен сум дека нè очекуваат уште повозбудливи нешта, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
