Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји.
-Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, бидејќи за некој процент што зборуваше, е многу повисик во однос на тоа што значи процент издвоен за судство во европските земји, рече Димитриеска Кочоска.
Таа направи споредба со буџетите на судството во изминатите години, како и средствата што тие ги бараат.
- Би сакала да ја искористам приликата да искоментирам дека нивниот буџет во 2025 година бил 2,85 милијарди денари, па потоа со ребалансот 2,74 милијарди денари, за следнава година се на исто ниво како минатата, а притоа морам да напоменам дека барале 5,22 милијарди денари (80-тина милиони евра, н.з.). Значи од 2,7 милијарди барале 5,22 милијарди денари. Притоа лимитот којшто согласно законот за буџети кога се спрема буџетскиот циркулар, секој буџетски корисник добива од Минстерството за финансии лимит во рамки на којшто треба да си ги планира своите расходи. Лимитот им бил 2,99 милијарди денари. Она што е многу поважно за мене, во однос на платите, платите за 2023, на пример, за да направиме споредба биле 1,99 милијарди денари, а платите во 2025 се 2,33 милијарди денари (38 милиони евра, за 6 милиони евра повеќе, н.з.), а платите кои ги побарале во тој буџетски циркулар за плати побарале 3,75 милијарди денари (или плус околу 22 милиони евра,н.з.). Значи од 2,3 побарале скоро 1,4 милијарди денари повеќе во услови кога имаме фискална консолидација, кога некогаш се трошело многу повеќе отколку што било дозволено, а ние сега треба државата да ја вратиме во нормала што значи следната година треба да постигнеме три проценти буџетски дефицит, рече таа.
Министерката повтори дека во моментов се прават анализи за тоа отприлика колкава би била бројката, но тоа мора да се поткрепи, и како што рече, „сега во моменот анализираме, знаеме отприлика каква би била бројката, но мора уште еднаш да се поткрепиме и да се потврдиме од што, бидејќи не е само да кажаме 0,3, 0,4 или 0,8 проценти, туку мора да знаеме од што“.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.
Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
-

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски и мировен инструмент
-

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан
-

МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка
