Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба

Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета.
Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 проценти рекле дека не можат да одлучат.
Порано оваа недела, германската влада, составена од конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц и централно-левичарските социјалдемократи, постигна тешко постигнат компромис за зајакнување на вооружените сили на Германија со воведување нов модел на доброволно регрутирање за зголемување на големината на армијата.
Планот на владата предвидува дека доколку доброволната воена служба не е доволна за пополнување на редовите на Бундесверот (германските вооружени сили), парламентот може да воведе задолжителна воена служба, во која регрутите што ќе служат ќе бидат случајно избрани.
Сепак, 57 проценти од анкетираните не очекуваат доволно доброволци за да се постигнат целите на Бундесверот за персонал. Само 25 проценти веруваат дека овој модел ќе биде успешен, а 18 проценти велат дека не можат да дадат проценка.
Личната подготвеност за служење во војската останува ниска, при што само 31 процент од анкетираните посочиле дека се подготвени да бидат доброволци, додека 55 проценти целосно ја исклучуваат оваа можност.
Социолошката анкета на INSA беше спроведена помеѓу 13 и 14 ноември меѓу 1.003 лица.
Германија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, но може да се врати со едноставно парламентарно мнозинство, вклучително и во време на зголемена тензија или вонредни одбранбени состојби.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
