Белгијците со минута молк им одадоа почит на жртвите од вчерашните напади во Брисел
Белгијците денеска со минута молк им одадоа почит на жртвите од вчерашните атентати во Брисел, пренесоа француските медиуми.
Неколку илјади лица, кои дојдоа на Плоштадот на берзата, во центарот на белгиската престолнина, со извици „Да живее Белгија“ и ракоплескања повремено ја нарушуваа тишината.
- Ги споделуваме емоциите на нашите сонародници, изјави градоначалникот на Брисел, Иван Мајор. „Нормално е што сме тука, ова е израз на сочуството и многу повеќе. Сметам дека неопходно е да ја почуствуваме врска со сите оние кои денеска страдаат“, додаде тој.
Белгиската кралска двојка, прeмiерот Шарл Мишел, придружен од францускиот колега Мануел Валс и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто така, со минута молчење им одадоа почит на жртвите во седиштето на ЕК.
Подоцна Јункер, Мишел, Валс и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини положија цвеќе на станицата на метрото „Малбек“.
На жртвите на атентатите почит со минута молк им беше одадена и во Шпанија - во Парламентот и пред мноштво градски куќи и институции.
Атмосферата во Брисел останува тензична. Првото нешто што човек го забележува е нагласеното присуство на војската, недостигот од обични минувачи и постојаното свирење на полициските сирени, забележува ТАСС.
На станицата на метрото „Малбек“, која се наоѓа на неколку метри од зградите на европските институции, жители и туристи и натаму оставаат цвеќе и свеќи.
На Плоштадот на берзата е направен импровизиран споменик на кој постојано пристигнуваат луѓе со цвеќе и запалени свеќи.
Просторот пред берзата, исто така, е украсен со многу знамиња на различни држави, заедно со положеното цвеќе и писмени пораки. Може да се видат знамиња од цел свет, од западна Африка, преку Блискиот исток, до Индонезија и Латинска Америка, забележува дописникот на ТАСС.
Околу зградите на ЕУ се разместени тешки воени камиони, полициски автомобили и вооружена полиција. Мерките за безбедност на влезовите на овие згради, исто така, се засилени. Ја нема вообичаената живост, затворени се кафеаните и рестораните, кои вообичаено ги опслужуваат службениците и новинарите кои известуваат од тука.
Јавниот транспорт делумно ја обнови работата. Од утрина непречено работат главните железнички станици. Отворени се 16 од вкупно 69 станици на метрото. Меѓутоа, забележливо засилени се патролите. На улицата пред централната станица можат да се видат редици од патници, кои чекаат да влезат во неа. Секој патник детално се проверува На влезовите, како и во станиците на метрото има вооружена воена заштита, која ја набљудува ситуацијата.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше
-
Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река