Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувањето на предлог - одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието , на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави, на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).
Пред Комисијата е и Прeдлог - одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешен претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка и утврдувањето Предлог - одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин“.
Предлог на среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 - 2030 година е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска по редовната координација со координаторите на пратеничките групи, ќе одржи неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
