Поддршка на законските измени за задолжително парно во новите градби каде има можност

Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.
Тоа се предвидува со Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, што денеска доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
Матичното собраниско тело заклучи да го проследи во натамошна постапка Предлогот законот откако констатираше дека не се поднесени амандмани.
Со законот треба да се овозможи ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита во градските средини каде има можност за приклучување на инсталации за снабдување со топлинска енергија како парно греење, со што ќе се придонесе и кон унапредување на животната средина во градските средини во текот на зимскиот период.
- Измените се носат поради проблемите во пракса со обезбедување на квалитетно и унифицирано снабдување со топлинска енергија на сите градби за колективно домување и станбеноделовните градби. Целта е да се овозможи стандард во модерното градско живеење кој ќе овозможи намалување на загадувањето во зимскиот период, информира Владата во образложението на Предлог-законот.
На седницата на Комисијата поддршка доби Предлог законот за дополнување на Законот за јавни патишта, во прво читање, кој е со европско знаменце.
МИА
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
