Преглед на вестите од светот
Најмалку четири лица загинаа во силното невреме што веќе трет ден го погодува појасот Газа. Силниот дожд веќе ги поплави камповите за раселените лица и доведе до уривање на неколку оштетени згради за време на војната. Според податоците на Агенцијата за цивилна заштита на Газа, околу 250 000 палестинци моментално живеат во кампови.
- Цела ноќ, децата и јас бевме на нозе, цела ноќ, на нозе. Ако јас, возрасниот, не можам да се справам со тоа, што е со малите деца? Овие деца... како можат овие деца да се справат со Јусеф Тафта, раселен Палестинец второто
- Спиевме мирно и одеднаш се најдов како спијам во море, се колнам во Бога. Водата беше висока околу 30 см додека спиев. Истрчав и заспав кај мојот брат. Што друго можам да кажам? Ова е она што Бог ни го напишал.“ ХУСАМ АБУ ЗРЕНА раселен палестинец
Два месеца по прекинот на огнот наметнат од САД, Газа е заглавена во првата фаза од мировниот план на Доналд Трамп - нејзината територија е поделена меѓу завојуваните страни, нејзините луѓе сè уште се раселени и опкружени со урнатини.
Само укрианскиот народ може да одлучува за територијалните прашања или преку избори или преку рефендум изјави Злеенски. Укранскиот претседател откри детали од преговорите со американските преговарачи. САД ја претставиле идејата за прогласување на делот од Донбас, кој е под контрола на украинската армија на истокот од земјата, за „слободна економска зона“. Компромисниот предлог е руската страна да не влегува на таа територија, истакна Зеленски.
Украина сè уште контролира околу 30 проценти од рударско-индустрискиот регион познат како Донбас во источна Украина, кој ги вклучува регионите Луганск и Доњецк. Зеленски потврди дека во замена за тоа, планот што моментално се разгледува предвидува повлекување на руската армија од регионите Суми, Харков и Дњепропетровск. За јужните украински региони Запорожје и Херсон, наводно се планира замрзнување (линија на разделување) по должина на сегашната линија на фронтот. Според неодамнешната анкета на реномираниот центар Разумков, повеќе од 90 проценти од Украинците се противат на територијалните отстапки на Русија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
