Loading Video...
Македонија
12. December 2025 - 16:51

Филипче на средба со коалиционите партнери

Ако власта не планира да носи могранти од Британија  тогаш Мицкоски нека ја потпише резплуцојата. Опозоцоскиот лидер Филипче собра дел од својата коалиција за уште еднаш да предупреди дека власта, според него планира да донесе мигранти во Македонија. Вели платформата ќе се ширела со невладини органозации и синдикати со цел како што кажа да се одбрани Македонија

Премиерот Мицкоски во неколку наврати демантираше дека Македонија ќе носи мигранти како дел од Договорот со Британија.  Денеска направи и чекор плус, најавувајќи нова иницијатива

Мицкоски рече дека ги разбира внатрешните проблеми во СДСМ но според него, тоа не е причина опозицијата како што рече да ја вознемирува јавноста. Го повика обвинителството да се вклучи во оваа приказна и да отвори соодветни постапки.