Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година.
Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32, евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.
Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.
Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.
Во последните пет години е забележан значителен раст на одливот на лични трансфери. Одливот е зголемен за 51%, додека приливот расне поскромно, зголемувајќи се за 26%. Како резултат на тоа, има проширување на негативното салдо за ЕУ во однос на земјите кои не се членки на ЕУ, достигнувајќи 37,3 милијарди евра во 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
