Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) - за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело - „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето - Р.М.(31) за кривично дело - „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.
Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда - детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.
Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.
Ново на Сител
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
-

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни
