Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели

Американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт ѝ подари милион долари на добротворната фондација „Храна за Америка“ или „Фидинг Америка“ (Feeding America), како и милион долари на „Американското здружение за срце“.
Нејзината втора донација е во чест на нејзиниот татко, Скот Свифт, кој бил подложен на операција за петкратен „бајпас“ оваа година – по што неговата ќерка се смести кај него за да му помогне во заздравувањето. Овие донации овозможуваат унапредување на тековните научни истражувања, посилни напори за спречување и лекување и проширен пристап што спасува животи за секоја заедница, се нагласува во соопштението на „Здружението за срце“.
– Си реков, овој човек (татко ѝ, з.п.) ми направи место за играчки, лулашки, креветчиња. Јас ќе му дадам столче за под туш, одалка, кревет, изјави таа во емисијата на својот свршеник Тревис Келце. – И, тој (татко ѝ) е најпрекрасниот пациент во светот. Постојано повторува „благодарам“ – одново и одново, додаде таа.
Извршната директорка на „Фидинг Америка“, Клер Бабино-Фонтено се заблагодари за подарените милион долари.
„Оваа празнична сезона, нејзината континуирана поддршка е моќен потсетник за тоа што сѐ е можно, кога се обединуваме за да му ставиме крај на гладот“, напиша Бабино-Фонтено на Интернет.
Непосредно пред тоа, Свифт даде „дарежлива“ донација и за „Мјузикерс“ (MusiCares), како што се пофали и самата организација на своите пррофили. Тоа „ќе помогне во поддршката на нашите витални програми, ресурси и финансиска помош за музичката заедница во неволја“, истакнаа оттаму. Така, „сите музички професионалци, од сите жанрови и професии, не мора да избираат меѓу живот во музиката и грижата да се преживее“, се наведува во објавата на организацијата.
МИА
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
