Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.
- Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија, посочува Ѓорѓиевски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Порачува секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре.
- Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг. Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години!, напиша тој.
Ѓорѓиевски во честитката нагласува дека Божик е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака.
- Божик е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството, посочува Ѓорѓиевски во честитката за Божик.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
