Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6 проценти.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година е различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 проценти, Рекреација и култура за 6.4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3.7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3.1 процент, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 проценти, Комуникации за 1.3 проценти, Транспорт за 0.8 проценти и Образование за 0.1 процент.
ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5.8 проценти, Рекреација и култура за 0.8 проценти, Здравје за 0.7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 проценти, Ресторани и хотели за 0.4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.
Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 проценти и Облека и обувки за 0.2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.
ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3.7 проценти.
Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101.9, наведува ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
