Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој

-Тука сме во близина на селото Скудриње. Има две секции кои што веќе се покриваат, едната е Косоврасти другата е Маврово. Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе кои што ги одржуваат чисти и проодни патните правци. Веќе се ставени во функција сите камиони со кои што располага Македонија пат, а исто така помагаат и компаниите кои што се ангажирани да работат на расчистување на снегот, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој нагласува дека на ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој, но истовремено апелира до граѓаните, внимателно да ги користат патиштата, да ја прилагодуваат брзината согласно условите на теренот.
-Многу битно, да користат зимски гуми и секаде каде што е потребно опрема, од типот на ланци и сето она што е потребно и што го препорачуваат надлежните, со цел да имаме сигурен и безбеден сообраќај, истакнува Николоски.
Министерот за транспорт потенцира дека се очекува оваа ситуација ќе се задржи и следните денови, и најавува дека ќе бидат во постојана комуникација и координација, со цел да сообраќајот непречено се одвива на ниво на држава и граѓаните стигаат онаму каде што е потребно, особено после празниците, бизнисот да може непречено да се одвива.
-Уште еднаш, апел до граѓаните за одговорно возење и за почитување на сите правила кои што ги имаат надлежните и честитки до сите оние кои деноноќно, по 24 часа се обидуваат да се справат со овие снежни наноси, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
