Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот "Бадар" има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат.
Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од с.Бучин - Д.Хисар,с.Бучин према с.Обршани и с.Бучин према с.Трноци.
Исто така, ве известуваме дека од 18:15 воведена е забрана за движење на товарни возила на патениот правец Струга-Ќафасан.
Воедно, информираме дека од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење на увид е затворен за сообраќај во двата правци.
Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.
Ново на Сител
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
