На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип

На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А.
Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група.
-Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран навремено од страна на медицинскиот тим во одделот за интензивна нега, но покрај сите преземени мерки, пациентот за жал почина. Треба да се напомене дека пациентот бил со повеќе коморбидитети: хронична опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија и други заболувања. Многу е важно да се напомене уште еднаш дека пациентот не бил вакциниран, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина против грип, изјави Цана.
Пациентот е од внатрешноста, донесен во исклучително тешка состојба, веднаш беше поставен на механичка вентилација, кај него симптомите траеле пет дена пред приемот во болницата.
На Клиниката, како што информира Цана моментално има хоспитализирано околу 25-30 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика, од кои неколку со кислородна поддршка, а само еден на механичка, како потежок случај.
Ова е втора жртва сезонава со грип, откако минатата недела на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 75-годишна пациентка со грип.
МИА
Ново на Сител
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
