Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад

Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето.
Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” реализиран од сртрана на Ј.П. „Охридски комуналец” и организацијата „SALAR International“ од Шведска, односните хотелски објекти добија инструкции, обука на персоналот и материјали за спроведување на примарна селекција во нивното работење.
„Селекцијата на отпад во хотелите и другите угостителски објекти како едни од најголемите создавачи на отпад е клучен дел во успешно спроведување на системот“, информираат од „Охридски комуналец“.
Наредниот чекот за воспоставување примарна селекција на отпад во угостителските објекти е вклучување на сместувачките и угостителските објекти покрај шеталиштето во Охрид, со план за проширување на останатите објекти долж крајбрежјето.
„Овие активности се комплементарни на активностите за проширување на мрежата од домаќинства коишто ќе бидат вклучени во системот за примарна селекција на отпад со основна цел за покривање на целата општина. Комплексноста на процесот како и фактот дека овој начин на работа се спроведува за прв пат на територијата на Охрид подразбира потреба од флексибилност и разбирање од сите чинители. Но, со заеднички напори, поддршката којашто ја добиваме од државата и разбирањето за важноста на промените од страна на сите учесници, оваа трансформација кон подобри пракси ќе биде успешна“, додаваат од претпријатието.
Моделот на работење којшто ќе се воспостави во Охрид ќе може да се реплицира во другите градови во регионот, особено во туристичките центри како Струга, Крушево.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
