Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин

Актуелниот светски првак во Формула 1, Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен, беше најбрз денеска на претсезонските тестирања во Бахреин, пред почетокот на новата сезона во Ф1.
Норис постигна резултат од 1:34,669 минути на вториот ден од тестирањето и беше побрз од Макс Верстапен во Ред Бул, кој имаше заостанување од само 0,129 секунди. Шарл Леклер во Ферари беше трет (0,521 секунди).
Тестирањата во Бахреин се втори по ред, по Барселона минатиот месец.
Меѓународната патека Бахреин во пустината Бахреин стана главна атракција за тестирање во последните години. Оваа година времетраењето е двојно зголемено од три на шест денови за да им се даде на тимовите повеќе време да ги тестираат своите болиди, конструирани според новите правила за шасија и погон.
МИА
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
