МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, денеска остварија средба со одгледувачите на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во Липково, Кумановско.
Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, на состанокот, како што се наведува во соопштението од МЗШВ, е нагласено дека е неопходно одгледувачите строго да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки донесени од Агенцијата. Движењето на животните треба да се врши исклучиво со издаден ветеринарно-здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво.
Доколку сточарите забележат симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, тие треба веднаш да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од три километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувачниците во кои е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста - информираат од Министерството.
Дополнително, на средбата е истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко, кои биле подложни на пастеризација, не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувачниците кон кланичните капацитети не е забрането, а во сила остануваат рестрикциите за движење животни и за работа на добиточните пазари.
Од МЗШВ посочуваат дека во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен, се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.
МИА
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
