Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави испраќаат експедициска единица од 2.200 маринци на три бродови на воената морнарица кон Блискиот Исток како поддршка на воената операција против Иран, дознава Еј-Би-Си Њуз од двајца американски официјални претставници.
Станува збор за 31. експедициска единица на маринци, која е постојано распоредена во Јапонија и делува во рамките на Индо-пацифичката команда на американската војска, но сега ѝ е наложено да се префрли во регионот на Блискиот Исток.
Официјалните лица во изјава за Ал Џезира истакнале дека распоредувањето на таа единица не значи нужно дека ќе биде користена како копнена борбена сила во Иран, но дека таа обезбедува копнени, амфибиски и воздушни капацитети кои можат да им бидат на располагање на воените команданти доколку биде потребно. Во составот на таа експедициска единица се наоѓа и ескадрила борбени авиони F-35, како и ескадрила летала MV-22 „Osprey“ со нагибни ротори.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро, на 28 февруари, во она што беше соопштено како „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Иран потоа почна масовни напади како одмазда врз Израел и врз цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
