Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило

Вчера, на подрачјето на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.
Од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Еден возач од Скопје управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола, а мотоциклот бил и без регистрација.
Во два од случаите возачите кои биле под дејство на алкохол предизвикале и сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе, кај кое биле констатирани 1,96 промили алкохол во крвта, удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци, кај кого биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, излетал од патот.
Во еден од случаите во Скопје било сопрено возило кое возачот го управувал без возачка дозвола, при што било утврдено дека се работи за такси возило со кое вршел превоз на патници.
Притоа, одземени се и шест возила. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно кршење на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Надлежните служби ќе продолжат со засилените контроли и со доследна примена на законските мерки со цел заштита на животот и безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-

Имаат само 16 и 17 години, а покажаа голема хуманост: Лука и Дони израдуваа првачиња во Бутел
-

Проневерени над 2,2 милиони евра преку регистрација на возила, МВР со детали за акцијата
-

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
-

Сообраќајот со градскиот воз се одвива редовно, вчерашниот привремен прекин беше поради невремето
-

Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
